-2 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Со уште една донација од Витаминка, ТППЕ Прилеп се доопремува

Територијалната противпожарна единица Прилеп, доби втора донација од Витаминка во соработка со Fire-Aid International, Kouzon Vrabotuvanje и Општина Прилеп. Станува збор за навално противпожарно возило, марка DENNIS, од англиско производство.
Наменското возило е целосно оперативно и опремено со опрема за гаснење пожар и скали и посебно потребно за интервенции во специфични услови и тешко достапни места, марка Dennis Sabre, е произведеново 2002 година,во Англија. Опремено е со 3 подвижни скали со висина од 13.5 метри, а поседува целосна опрема за спасување на лица од сообраќајни несреќи (специјални ножици за сечење на сите видови на каросерии, опрема за раздвојување на возила од удар, со повеќе наменски делови), како и целосна опрема за гасење на пожари во урбана средина. Носивоста на возилото е 2.000 литри вода, со тоа што силата на пумпите е со капацитет од 2.000 литри во минута.
„ Со оваа наша втора донација во возило, која следува по неколку денови од првата донација, ние помагаме преку брза реакција на ТППЕ да се намалат ризиците од пожари и да се превенираат можните штетни последици. Овој проект има посебна вредност и заради фактот што треба да резултира со воспоставување на една подолгорочна соработка помеѓу ТППЕ Прилеп и другите партнери во проектот, особено во делот на стручната помош и размената на искуства. Среќни сме што како компанија помогнавме таквата конекција да стане реалност и што денес го имаме противпожарното возило во нашиот град.”, изјави Орде Ѓорѓиоски директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка Прилеп.
„Коузон“ е дел од проектот, кој што крајната цел е да се спречат пожарите во урбаните средини.
„Проектот започна во втората половина на месец март, додека пак изборот на возилото беше направен во јуни, а доопремувањето беше во септември, со што во период од шест месеци успеавме да го донесеме возилото. Со ова нема да престане нашата активност, бидејќи како прилепчанец сакам да се оддолжам на мојот град“, посочи Зоран Кочоски, генерален менаџер и сопственик на „Коузон“.
Во Прилеп, со возилото пристигнаа и тројца противпожарни инструктори, кои се професионално ангажирани од противпожарна служба во Англија.
“Ова противпожарно возило беше 15 години во служба во Велика Британија, а сега е донирано тука. Возилото е опремено со две скали, опрема која е наменета за сообраќајни незгоди на пат, црева, млазници, секачи, односно се’ она што е потребно за гасење на пожари. Многу моќно и силно возило, со 300 коњски сили, со кое може брзо да се реагира во ситуација на опасност. Мило ни е што можеме да соработуваме со Општина Прилеп и ‘Витаминка’,се’ со цел да овозможиме подобра заштита на населението во Прилеп“, посочи Рој Бараклоу,директор на англиската доброволна организација „FLORIAN OPERATION“.
Општина Прилеп ќе продолжи со иницијативите за обезбедување на потребните услови за работа на противпожарната служба.
„Во неполни два месеци, ова е трето противпожарно возило кое, како и другите возила, ќе биде од голема помош. Не застануваме тука, ќе имаме нови инвестиции и други набавки за ТППЕ – Прилеп, која многу вешто се справува со пожарите“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Ова е втора донација на Витаминка во рок од две недели за потребите на ТППЕ – Прилеп. Претходната донација се состоеше од товарно моторно возило марка Mitsubishi L200.

Би можело да ве интересира

Се дезинфицира секој автомобил за влез во Прилеп, прилепските улици…

Елизабета Филипоска

(Видео) Министерот Борко Ристовски: Универзална сала до есен ќе функционира, а министерството ќе служи како пријател на сите спортови и спортски работници

Пела Редакција

На кои тел. броеви граѓаните во Крушево можат да бараат помош?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе