30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

(Видео) Мермерниот комбинат со донација за детските градинки во Прилеп

Мермерениот комбинат – Прилеп донираше опрема за детските градинки „Наша иднина“- Прилеп. Донацијата, во вредност од 20 илијади евра,  вклучува шест клима-уреди, печатачи, машина за сушење,  ламинатни подови и детски шкафчиња – опрема, кој е распределена во сите објекти од установата .

“Ова донација дирекно влијае на  подобрување на услови за престој, учење и развој на најмладите”, истакна, Христина Трпческа, директор на ЈУ детска градинка “Наша иднина”- Прилеп, која изрази искрена благодарение за донацијата.

 

Од Мермерниот комбинат , при оваа прилика, истакнаа дека вложувањето во градинките и во најмалите  претставува вложување во иднината на целата заедница. Тие нагласија дека ова е само дел од континуираната поддршка што компанијата ја дава на локалната заедница и дека во иднина ќе продолжат со активности кои носат придобивки за граѓаните на Прилеп.

При оваа пригода, дечињата од градинките, во знак на благодарност им приредија  на гостите пригодна програма и предизвикаа аплаузи кај посетителите.

Би можело да ве интересира

Поради високата цена на ел.енергија градот ќе штеди на уличното осветлување

Средби на советници и новинари

Соопштение: Четврта седница на Управниот одбор на ЈКП Комуналец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе