11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Бронза за женската кадетска џудо репрезентација

 

Кадетската џудо репрезентација на Македонија, во машка и женска конкуренција зеде учество на „Србија Опен 2019“.
Женската кадетска репрезентација во конкуренција на 4 екипи се закити со бронзениот медал. Тие беа поразени од екипите на Србија – А и Србија – Б, а со екипата на Дробета турнисеверин од Романија резултатот беше 3:3, по што беше влечена ждрепка и повторно се бореа натпреватувачките во категоријата до 48 кг.  Теодора Димеска ја победи Стефанија Станицу и македонската реперзентација победи со резултат 4:3,со што го освои бронзениот медал. Боите на кадетската женска џудо репрезентација ги бранеа кадети:  Теодора Димеска -48 кг. , Ема Димитријоска -52 кг. , Марија Талеска -57 кг. , Фејзула Румејса -63 кг. Колева Благица +70 кг

 

Машката кадетска репрезентација во конкуренција на 13 екипи беше дел од ждрепката во група А каде настапија и екипите на Србија – А, ВГСК Велико градиште и Раковица – Београд.  Во екипна конкуренција, во оваа група, првото место и за влез во финалето се избори тимот на Србија – А, Додека македонскиот тим не усепа да влезе во полуфиналето,ниту во финалето. Џудо федерацијата на овој екипен кадетски натпревар го преставуваа кадети: Ангелески Христијан -60 кг. Цаневски Валентин -66 кг. Талески Антонио -73 кг. Глигороски Христијан -81 кг. Најдоски Јован +81 кг.
Горан Мицкоски, селекторот на јуниорската репрезентација ,кој ги предвпдеше кадетеите,сепак беше задоволен од настапот на македоснките кадетски џудисти и за радио Пела изјави: 
„Нашите репрезентативци со срце ги бранеа нашето знаме и боите на нашата држава, среќен сум што оваа нова генерација во кадетска конкуренција полека но сигурно зачекорува по стапките на повозрасните репрезентативци со кои сум се радувал на многу наши заеднички успеси. Машките беа поразени, но имаа секој по три меча со своите врсници со кои можеби ќе се сретнат на некој европски куп или официјално европско или светско првенство, што за нив е одлично. Женските ги избубија двата меча против Србија – А и Србија – Б, но ја поберија екипата на Дробета Турни Северин од Романија и се закитија со бронзата. Ќе потенцирам дека бронзениот медел за овие млади девојки ќе значи поттик повеќе за нивната иднина, ова е само уште еден показател дека нив им претстои светла иднина. Ја користам оваа прилика да им честитам и на машката и на женската екипа за борбеноста и успехот кој го направија. “-изјави  Мицкоски 

Би можело да ве интересира

ГРК Охрид го освои деветтиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СТРЕЛЦИ СЕ СОБИРААТ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе