-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Основците од Прилеп се натпреваруваа во краснопис

Во соработка со основните училишта од општината ЈОУ ГБ „Борка Талески“- Прилеп, реализираше новогодишен конкурс на тема „Краснопис“. Натпреварот се одржа во просториите на библиотеката во Прилеп. Учество зедоа 40 основци во две категории: од трето до петто и од шесто до деветто одделение.
– Современиот начин на живот полека ги оддвојува децата од она што значи мирис на книгата и  размислување за време на процесот на пишување. Наша заложба е новите генерации да ја почитуваат книгата, да ја негуваат почитта кон авторите во светот и убавата мисла, кои што ни ја разубавуваат мислата и во исто време можеме да патуваме во светот и низ сите меритијани со книгата. Тоа беше повод за прв пат по долго време на прагот од новата година да организираме еден ваков натпревар. Сакаме да го вратиме времето на убавото пишување кога се учеше и практикуваше краснопис како посебен предмет во основните училишта. вели Моника Талеска вд директор на Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп.
Убавото пишување на ракописното писмо на македонскиот литературен јазик е многу важно за учениците, зашто преку убавиот ракопис се гледа убавината на јазикот, рече наставникот Љупчо Петрески.

Комисијата беше составена од претставник од ЈОУ ГБ „Борка Талески“- Прилеп и од наставници по македонски јазик и одделенска настава.
На најдобрите им беа доделени пригодни награди, а на сите учесници пофалници.

Би можело да ве интересира

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Пела Редакција

ООУ „Климент Охридски„ го одбележа својот патрон

Елизабета Филипоска

Најдобри ќебапи прават учениците од СОУ Наум Наумоски Борче-Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе