16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепските и долненските тутунари протестираа

Патниот правец Прилеп-Плетвар денеска беше затворен за сообраќај од 10 часот во траење од 1 часот од прилепски тутунари. Земјоделците бараат реална проценка на тутунот. Велат дека од 1 јануари тутунот не се откупува, а оној кој се презема се плаќа за класа пониско. Тие бараат да се зголеми откупната цената и сите откупни пунктови да проработат.
Воедно тие бараат итна средба со ресорниот министер Трајан Димковски, со цел да го запознаат со фактичката состојба и изнаоѓање на решение. Тутунарите бараат да се направат корекции во легислативата и закон со кој ќе се забрани увозот на тутун во Македонија.
Доколку нивните барања не се оствараат тутунарите најавуваат дека ќе следуваат штрајкови, протести, блокади на патишта.
До крајот на откупот остануваат уште 20 тина дена. Неофицијално, најголем дел од неоткупениот тутун од ланската реколта околу 2 илјади тони, е во прилепско.

Би можело да ве интересира

В сабота, саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Пела Редакција

Околу 200 илјади луѓе го посетија Пивофестот 2018

Пронајдена античка статуа во дворот на црквата „Свети Никола“ во Чепигово

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе