11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Историјата за конечното ослободување на Прилеп!

 

Ден на ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор, 3-ти ноември 1944 година

 

Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија.

 

Ослободувањето на Прилеп во Втората светска војна е дел од завршните операции за ослободување на Македонија.

Распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста Сарика, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3. На Брдо, под Пиварницата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица. На Црвени Брегови, на излезот кон Битола, 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба на 28/29 октомври 41-та и 49 -та девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41-та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на 21 бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон почнал напад. Но, Германските сили ги збиле редовите и го одбиле првиот и вториот јуриш. По 40 часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бригадата се држела добро и давала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле помогнати од артилериско оружје, а партизанските трупи, иако биле со малку муниција, го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун. Потоа сите сили ги упатиле кон Плетвар, каде успеале да направат продор меѓу позициите на 21-та бригада. Но, обидите биле спречени од страна на Штабот, кој издал наредба 5-тата бригада да нападне од кај касарните и да го пресече патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели од кај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп и во градот влегле ослободителите.

Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4 – ти ноември.

 

Извор: Википедија

Би можело да ве интересира

„Игра на инструментите“ од Јовевски доби спот (ВИДЕО)

Пела Редакција

Концерт на женскиот хор „Керамија“

Пела Редакција

Центар за култура „Марко Цепенков“ oдбележа 40 години од постоењето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе