9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Два јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави два јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до и над 3 хектари.
Повиците се однесуваат за повеќе региони меѓу кои и  Битола, Прилеп, , Македонски Брод и Крушево.
Максималната површина за која може да аплицира еден понудувач е три хектари. Доколку предмет на понудата е земјоделско земјиште на кое се подигнати долгогодишни насади истите треба да се со старост најмалку од три години. Закупот е во траење од 15 до 70 години во зависност од активноста и од земјоделската култура која ќе се одгледува.
Право на учество имаа физички лица и домашни и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност.
Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на оддалеченоста на местото на живеење, понудената годишна закупнина по хектар и правниот статус на понудувачот. Најнискиот износ на годишна закупнина по хектар кој можат да се понуди е во износ на просечна годишна закупнина во регионот за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп постигната во последните три години.
За огласот за површини над 3 хектари, покрај другите документи понудувачите треба да достават геодетски елаборат и банкарска гаранција за учество во постапката.
Понудите треба да се достават во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници.

Би можело да ве интересира

За млади земјоделци поддршката се зголемува на 20.000 евра

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

Пела Редакција

Коморскиот инвестициски форум ги награди Регионалните стопански комори од Прилеп и Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе