Согласно одлуката на Владата за прекин на меѓуградскиот сообраќај нема да работи Автобуската станица во Прилеп се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа facebook. Од таму потврдуваат дека не постоел интерес за користење на меѓуградскиот превоз.
ПОЧИТУВАНИ ПАТНИЦИ !
АВТОБУСКАТА СТАНИЦА ПРИЛЕП НЕ РАБОТИ СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА И СТОПИРАЊЕТО НА МЕЃУГРАДСКИОТ СООБРАЌАЈ СПОРЕД ВОНРЕДНИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19.
ВО МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ БИДЕ УКИНАТА ПРИВРЕМЕНАТА МЕРКА ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО РЕДОВНО РАБОТЕЊЕ И СТАРИТЕ ВОЗНИ РЕДОВИ И ЛИНИИ, стои во соопштението.