29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

По семејната трагедија ОЈО изврши увид, се чекаат информации од МВР

Според првичните информации семејната трагедија се одвивала на ул. „Стеван  Апостолоски“ во Прилеп. Сега починатите П.Ч (43 г.)  и неговиот 11 годишен син биле на гости кај убиецот П. Ѓ (63 г.), инаку вујко и дедо на убиените. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Ќе се вештачат трагите кои ќе бидат најдени на местото на настанот. Телата на починатите одат на обдукција.

Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, се очекува да бидат соопштени во текот на денот.

 

 

Би можело да ве интересира

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) Крушево по стапките на Швајцарија – го чисти пластичниот отпад

Тутунскиот откуп е пролонгиран

(ВИДЕО) Социјалните претпријатија се новата енергија на руралниот развој

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе