11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За пензионерите на Прилеп по два часа бесплатен Јавен градски превоз

Од денеска пензионерите во Прилеп (жени над 62 г. и мажи над 64 г.) ќе имаа бесплатен градски превоз во период од од 9,оо до 11,оо часот. Личната карта ќе биде нивниот билет.Тие нема потреба да вадат дополнителна документација за да го потврдат својот пензионерски статус, одлучи  Советот на Оптшина Прилеп на денешната редовна 8- ма седница со 16-сет гласови „за“ ,само во присуство на советниците од СДСМ и коалицјата и еден советник од опозицијата,кој побара да се разгледа предлогот за воведување на градска автобуска линија и до Тризла

И, на оваа седница советниците од опозицијата беа само на почетокот на Седницата.Пред да се усвои дневниот ред за работа на Советот ,координаторот на советничка група на ВМРО ДПМНЕ на говорнициата ја изнесе причината за нивниот бојкот и неприсуство на седниците, додека советниците на ВМРО ДПМНЕ во рацете држеа транспаренти на кој пишуваше „Слобода за Јане“ , „Правда и за Сите„…итн. Претседателот на Советот на Општина Прилеп  му го одзеде зборот со обрасложение дека треба да се држи до точките на двневниот ред на Совеот при што советниците на ВМРО ДПМНЕ  ја напштија седницата.

„Ја напуштивме седницата во знак на бојкот поради неоснованиот притвор на лицата од 27-ми  април 2017. Денеска во сила стапува законот за амнестија со кои се ослободуваат луѓе со вина, а во затвор лежат луѓе кои единствена вина им е што ја бранеа  Р. Македонија и Уставот на Р.Македонија “- истакна советникот Дејан Проданоски по заминувањето од седницата како став на целата совеничка група од опозицијата

„Денеска Советот на Општина Прилеп беше сведок на уште едно деструктивно однесување на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Како Претседател на Советот јас на секоја седница ги повикувам да работат во интерес на граѓаните затоа што се платени од пари на грѓаните. Тие се изгласани и избрани од граѓаните на Општина Прилеп. Не го бојкотираат Советот на Општина Прилеп затоа што доаѓаат на седниците, се потпишуваат и со тоа тие го добиваат паричниот надоместок кој законски им следува. Доколку искрено сакаат да го бојкотираат Советот ги повикав да се откажат од надоместокот кој го добиваат. Тие земаат надоместок, но не даваат никаков придонес во работата на Советот. Уште еднаш како прв меѓу еднаквите тука, ги повикувам да се вратат и да работат во интерес на граѓаните на Општина Прилеп или пак крајно да се изјаснат дали бојкотираат или доаѓаат, тука на Седница, само да си ги земат паричните паушали кои се всушност средства од граѓнаите“, рече Миле Талевски, претседател на Совет на Општиина Прилеп.

Тој објасни дека по законот за локална самоуправа секој член од Советот на Општините добива месечен паричен надомесотк во висина од 70% од последната просечната плата исплатена во Р.Македонија .Што значи дека секој советник, месечно, добива надомесотк во висина од 15 илјада денари и секој член кој не присуствува на Советот треба да го губи тој надоместок.

Седницата продолжи да работи и без присуство на советниците на опозицијата,па за кратко време и без тешкотии беа увоени 23 точки на денвниот ред. Советот без присуство на опозицја го донесе и изгласа предлог извештајот за работата на Советот за 2017 година и Предлог Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за 2018 година.

Советниците го изгласаа  финансискиот план на ЈОУ за детската градинка „Наша иднина“,  го усвоија  планот за одобрување на вработувања во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и градската библиотека „Борка Талески“. Се донесоа и плановите и програмите кои беа на предлог на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп за одржување градските гробишта, за користење на парковските површини, програмата за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп.

На седницата беа изгласани и одлуките за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање на одобренија за поставување на урбана опрема.Беа донесени и увоени уште 12 дополнителни точки во кои беа предлжени и изгласани членови за Управните одбори во училиштата

 

Би можело да ве интересира

Јовчески: Прилеп е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пивофест 2022

Руската амбасада и Општина Прилеп го одбележаа Денот на сеќавањето

Гордана Цветаноска

Државна помош и бескаматни кредити за земјоделците

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе