7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Нови 4 позитивни на Ковид 19 во Прилеп, се зголемува бројот на излекувани

Денеска се евидентирани нови 4 позитивни случаи на Ковид 19 од Општина Прилеп, информираше меѓу другото градоначалникот Илија Јованоски по редовната седница на Општинскиот кризен штаб.

Вкупната бројка изнесува 147 лица. Се зголемува бројот на излекувани пациенти, односно со денешните 10, досега успешно завршил медицинскиот третман кај вкупно 41 прилепчани. Во самоизолација се 228 прилепчани. Забележани се 2 нарушувања на полицискиот час во изминатото деноноќие. Во Инфективното одделение во Општата болница Борка Талески се хоспитализирани 18 пациенти , од кои 15 се позитивни, а тројца се во одделот за изолација, информираше денеска на прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

Општина Прилеп доби неколку донации – 32 илјади маски од Министерството за здравство преку Дирекцијата за заштита и спасување, а во текот на вчерашниот ден пристигна донацијата од 200 заштитни одела од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, Народна Република Кина. Досега општината подели 80 илјади заштитни маски за граѓаните, а оваа активност ќе продолжи и понатаму. Дезинфекцијата на јавните површини за време на претстојниот викенд ќе продолжи и во населените места.
Инаку, в понеделник, на 4 ти мај во зградата на Општина Прилеп, по иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски ќе се организира крводарителска акција.

Проследете ја прес конференцијата на следниот линк:
https://www.facebook.com/opshtinaprilep/videos/244981133365897/

Би можело да ве интересира

Краткотрајно невреме со пороен дожд и град во Пелагонија

Гордана Цветаноска

Чествување за војводата Толе Паша во селото Крушевица, мариовско

Гордана Цветаноска

Прилепскиот театар со Декамерон на „Охридско лето“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе