29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп  поведе постапка за вкупно 25 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

За обвинетите за одделни кривично правни настани, во периодот од 23.04.2020 до 28.04.2020 година, обвинителството поднесе  предлози  за издавање казнени налози до Основните судови во Прилеп и Крушево, заради непочитување на мерките на Владата за спречување на Ковид-19, односно заради прекршување на полицискиот час.

За секој од обвинетите, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби со вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност.​

Фото: Мики Николоски

Би можело да ве интересира

Затекнати при тешка кражба и лишени од слобода

Прилепчанец две години следел и полово вознемирувал малолетно девојче

Пела Редакција

Приведен Англичанец, возел под дејство на алкохол во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе