11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Иницијативата #sportistiprotivKorona успешна. Аплауз за спортистите

Спортисти и спортските клубови кои беа дел од иницијативата #sportistiprotivKorona , со кои беа собрани парични средства од спортисти и клубови, за потребте на здравствените институции кои се борат против коронавирустот, и за храна и заштитни средства за сиромашни семејства,  денеска ја донира набавената заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за детски болести. Донацијата ја предаде иницијаторот и поттикнувачот на оваа хуманитарна акција,  ракометарот на Еурофарм -Пелистер , прилепчанецот , Горан Кузманоски.

„Како поинаку да поцнеме освен со Благодарност! Од срце ви се заблагодаруваме на сите Вас спортисти, спортски работници, клубови и компании кои земавте учество и дадовте поддршка на оваа иницијатива #спортистипротивКорона,  и овозживте да биде вака успешна.„

Целта е остварена и ние сме посебно горди, но аплаузот сепак оди до здравствените работници и до сите оние кои се во првите редови во оваа заедницка борба!“ – изјави за радио Пела, ракометарот, Горан Кузманоски “ напиша Кузманоски на својот facebook страна.

Поддршка на оваа иницијатива на спортисте, кои и овој пат ја покажаа својата големина ,ја додао ракометар,кошаркари, фудбалери.,одбојкари … : КК МЗТ Скопје, КК Гостивар, РК Еурофарм Пелистер, ОК Јанта Волеј,  Наумче Мојсовски, Столе Стоилов , Иле Несторовски, Никола Митревски, Никола Ѓошевски, Филип Миркуловски , Баже Илијоски,  Срѓан Захариевски, Гоце Георгиевски,  АД Витаминка, Хотел „Вигор“.

Од собраните средства набавени се заштитни маски, скафандери, ракавици,визири и пакети со храна. Веќе е поделена првата донација и тоа до клиниката за детски болести, а деновиве ке бидат поделени и останатите пакети  до други здравствени институции.

Пакетите, пак ,  со храна ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства и ќе бидат споделувани во координација со невладиниот сектор на оние семејства на кому му се најпотребни.

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (66)

Пела Редакција

Започна постапката за собирање потписи за независните листи за локалните избори

Гордана Цветаноска

Дали вакцината Астра Зенека е безбедна?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе