16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

41 години од смртта на Јосип Броз Тито- најдобрите негови пораки

На денешен ден во 1980-та година, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија го загуби животот. Јосип Броз Тито почина во клиничкиот центар во Љубљана.

Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.

Неколку негови цитати кои ќе останат запаметени :

  • „Работиме како да ќе живееме 100 години, се подготвуваме како утре да има војна.“
  • „Среќна е земјата која има таква младина.“
  • „Ниту една наша република не би била никој и ништо, ако не сме сите заедно.“
  • „Слободата на човекот не е само правото слободно да го изразува своето мислење, туку пред сѐ, правото и можноста човекот уверено да одлучува по сите прашања од својот живот.“
  • „Нашето богатство не се само фабриките и патиштата. Наше богатство е човекот, новиот човек, социјалистичкиот човек.“

Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на втората светска војна до смртта во 1980 година. Во неговот владеење како претседателот на СФР Југославија, Македонија добива своја држава, во рамките на 5 други држави кои ја сочинуваа федерацијата. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Би можело да ве интересира

Дали новиот правилник е во интерес на тутунарите и ќе придонесе за реална проценка?

Гордана Цветаноска

Бадниковата поворка го најави најрадосниот празник

Гордана Цветаноска

Над 650 пријави за штети од невремето пристигнале за два дена во Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе