5.2 C
Прилеп
петок, 20 декември, 2024
Пела Радио

Ќе се спречи пропаѓањето на „Св Ѓорѓи“ во Курбиново ,Преспанско

Ќе се спречи  пропаѓање на црквата „Св. Ѓорѓи„ во Курбиново . Знаменитост и еден од најрепрезентативните објекти на македонското  културно наследство, кој датира од XII век.

Реставрацијата на црквата запонува оваа година .За таа цел, Министерството за култура и Владата на Р.М во Буџетот за 2018-та, обезбедија средства во висина од почетни 2.500.000денари, со подготвеност од Министерството тие да достигнат до 15 милиони денари, доколку реализацијата тече со посакуваната динамика.

 

Со овие средства во текот на годината ќе се изведат активности за изработка на Основниот проект за архитектурата во завршна фаза, ќе се спроведе административно одобрување на основниот проект за архитектурата, а ќе се реализираат и неколку фази од непосредната заштита: демонтажа на покривот, конструктивно зајакнување, конзервација на ѕидни платна и демонтажа на времениот покрив, информираат од Министерството за култура.Денеска Министерто  за култура, Роберт Алаѓозовски  ја посети црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново-Ресенско Преспа, која се наоѓа во непосредна близина на Преспанското Езеро.

Прпознатливо е тоа  што на банкнотата од 50 македонски денари е насликана фреска токму од овој манастир.

.За да се отстранат сите процедурални и стручни недоследности во конзервацијата на фрескоживописот, Комисијата од Министерството и НУ Завод и музеј – Битола се договорија во понатамошната реставрација и во целиот процес да се вклучат и надворешни меѓународни експерти со врвни познавања на византиската фреско – техника, чиишто ангажмани ќе бидат во функција на подобрување на квалитетот на понудените предлози од аспект на конструкција и материјали, нивната компатибилност со постојниот автентичен конструктивен систем и директното влијание на фрескоживописот.

Последна фаза на процесот ќе бидат археолошките истражувања и партерното уредување, што ќе се реализира по завршувањето на конзерваторско – реставраторските работи на архитектурата и фрескоживописот,  најдоцна до крајот на 2019-та година.

 

 

Би можело да ве интересира

Утрово -14 °C во Прилеп

Елизабета Филипоска

Спорт и здрава храна за детство без маана

Гордана Цветаноска

Mотор удрил во автомобил, двајца тешко повредени

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе