ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Регионалниот центар за млади е генератор за идеи и иницијативи

306

„Регионалниот центар за млади“  функционира во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија. Овој центар всушност е на располагање на младите од 10 средни училишта вклучени во проектот, но пред се’ на младинските групи од Пелагонискиот регион. „Регионалниот центар за млади“ е сместен на ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик) во Прилеп. Евгенија Јорданоска го раководи Регионалниот центар за млади и сподели искуства со нас за тоа каков е интересот на младите, на кој начин се вклучуваат и на што најмногу го насочуваат својот интерес.

Што всушност претставува овој Регионален центар и која е неговата цел?

  • Регионалниот центар за млади е активност во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“. Овој центар ќе претставува иницијатор, но и место за младите да можат да се сретнат да ги споделат своите идеи и да развиваат иницијативи. Младинскиот центар ќе им помага на младите во согласност со нивните потреби, да организираат различни активности како: уметнички активности, дебати, дискусии, музички активности, активности за животна средина итн. Едноставно овој центар е промотор и подржувач на младинскиот активизам.

Како го оценувате интересот на младите за соработка и заедничко организирање на активности?

  • Младите покажуваат интерес за вклучување во проектот и за користење на услугите на центарот. Она што посебно ми се допаѓа е нивниот ентузијазам и големото ниво на соработка. Младите имаат многу идеи и иницијативи за соработки со цел да направат промена во своите општини. Тие реално гледаат на сосотојбите во својата средина и вршат приоретизирање на нивните потреби со што ги покажуваат и елементите на социјална одговоросност и активност во локалната средина.

Како младите можат да стапат во контакт со Регионалниот центар?

  • Регионалниот центар е секојдневно достапен за младите. Младите можат во секое време да се јават на телефонскиот број на Центар за граѓанска иницијатива – 048 400 480, како и на е – маил адресата [email protected].

Што очекувате во иднина од функционирањето на центарот?

  • Очекувам центарот да станува се поискористен и повеќе вклучен во активности на средношколците и нивните училишта. Центарот да биде подржувач и промотор на младинскиот активизам од една страна, а од друга страна место на кое ќе се вклопат многу нови пријателства и партнерства меѓу младите од средните училишта кои се вклучени.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: