24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Денеска нема новозаболени

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 18-ти мај, пристигна од оддлението за односи со јавност при локалната самоуправа и се вели дека во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а од заразната болест оздравело едно лице.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на КОВИД-19, а во самоизолација се наоѓаат 158 лица.

Во деновите од викендот забележани се 3 нарушувања на полицискиот час.

Волонтерската служба на Општина Прилеп започна со распределба на 150 пакети со прехранбени производи, наменети за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош. Најголемиот дел од пакетите се донација на „Тинекс“, а одреден број донираа и компанијата „Викторија Тобако“ и „Систина офталмологија“.

 

Би можело да ве интересира

Изложба на Мирослав Живковиќ во Цепенков

Одбележувањето на 115 годишнината од загинувањето на Никола Карев под корона услови

Водовод ќе врши ревидирање на сметките за вода

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе