7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ФК Победа продолжува со засилувањата пред стартот на сезоната

ФК  Победа ги засилува редовите со фудбалер од Бразил. Наводно, засилувањето е Диего Нерес, 27-годишен фудбалер кој настапува на десната крилна позиција, а по потреба и како десен бек.

Нерес беше на проба во Победа во подготвителниот период, па се очекува упрaвата да го задржат и да ја официјализираат соработката во наредните денови. Нерес веќе има искуство во Македонија, со настапите за Брегалница. Во Бразил настапувал за  Ресенде , а бил дел од  турскиот Ѓунѓоренспор и  Корлу како и од Леванте во Шпанија.

Претходно, Победа се засили со Дарко Тофилоски, Алтин Лога, Иван Ивановиќ, Никола Јаќимовиќ и Благојче Спиркоски.

Но, подготвителниот период е време кога се појавуваат несакани повреди.

– Централниот дефазивец на Победа Дарко Илиески утрово беше опериран на коленото на левата нога. 22-годишниот стопер се повреди при еден бескомпромисен старт уште во првото полувреме на минатонеделниот пријателски натпревар со Мачва во Охрид. Хирушката интервенција на менискусот на левото колено по ласерски пат ја изврши познатиот хирург д-р Боро Илиев, информираа од ФК Победа.
Според најавите, веќе за 15-дена Илиески ќе почне со полесни тренинзи, а се очекува во полна натпреварувачка форма да биде за еден и по до два месеци и да се стави на располагање на тренерот Бубања за последниот 4-ти круг од шампиoнатот.

Би можело да ве интересира

Професионален боксерски спектакл во jуни во Прилеп – Про Бокс со најава за уште една незаборавна боксерска атракција (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Завршница на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Џудо репрезентативката Димеска ќе ги брани боите на Македонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе