11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Нема повеќе членарина за најмладите во школата на ФК Победа

 

Раководството на ФК Победа се одлучи со убав чекор да привлече уште повеќе млади вљубеници во фудбалот, кои ќе учат од најдобрите.  Нема повеќе членарина за најмладите во школата на ФК Победа одлучи АД Клупското , на задоволство на родителите и децата. Донесената одлука се однесува почнувајќи од 1-ви февруари 2018-та година од кога нема да се наплаќа членарина за ниту една од генерациите кои се вклучени во работата на Пионерско-младинската школа на ФК Победа АД.

Истовремено ФК Победа АД ги повикува сите заинтересирани и талентирани млади дечиња дека клубот е отворен за упис на нови членови во сите генерации.

Со оглед на фактот дека во фокусот на ФК Победа АД се младите категории и овозможување на максимални услови за нивна работа и развој со оваа одлука на најмладите од Прилеп и околината со зачленувањето во нашата школа им се пружа можност да уживаат во убавината на фудбалот и фудбалската игра. Од друга страна со ослободувањето од членарина им се помага и на родителите кои ќе заштедат од семејниот буџет.

ФК Победа АД се обврзува дека сите новопримени членови ќе бидат селектирани од тренерите во Пионерско-младинската школа.

Инаку, моментно во ФК Победа функционираат 10 категории на млади таленти според возраста. Од нив 6 категории се активни во државниот систем за натпревари. Во овој систем се вклучени околу 200 деца, со кои работат исклучиво професионалци – тренери.

Би можело да ве интересира

Џудо федерацијата, во Прилеп, избра ново раководство

Гордана Цветаноска

Коронавирусот и во Мак фудалот

Елизабета Филипоска

РК Прилеп не победи но одлично му се спротистави на Еурофарм Пелистер

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе