9 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Комфи Ангел стабилна компанија со фокус кон подобрување на животниот стандарт на работниците

„Градиме компанија и после нас“ – со мисијата и филозофијата на компанијата, ја започна јулската средба со вработените, менаџерот на реномираната прилепска компанија „Комфи – Ангел“, Ирена Јакимовска, нагласувајќи дека работниците не треба да стравуваат и да се грижат за својата иднина затоа што компанијата Комфи Ангел е стабилна компанија, со стабилен партнер од Обединетото Кралство. Затоа,  таа нагласи , работниците потребно е само да се фокусираат на своето ментално и физичко здравје, и на својот имунитет, се со цел да се надмине се она што го промени начинот на живеење и работа. Со својата работа и  огромната посветеност, брзо преадаптирање на потребите на пазарот, со  одличните човечки ресурси, како и вредна и мотивирана работничка сила, текстилната компанијата Комфи Ангел има обезбедено работа за оваа година.

   Зголемување на основната плата во месец јуни

Дека тоа е така, потврдува фактот што во месец јуни, компанијата изврши и позитивна промена на основната плата кај сите вработени.

„Тоа беше одлука на Владата за континуирано зголемување на животниот стандард , која пред извесен период донесе одлука да се зголеми, пропорционално, кај сите вработени. Но, независно од тоа,  ние како компанија продолжуваме да го зголемуваме животниот стандард и кај многу од вас ќе забележите има промени во висината на платата. Но, и понатаму ќе се стремиме, за подобар животен стандард на нашите вработени. Воедно, исплатена е 13-та плата на шестата група вработени , а К-15 на првата група од 127 работници“.- нагласи Јакимовска

Солидарниот фонд распределен коректно  

Ваквата средба со вработените менаџментот на компанијата го одржува секој месец, каде, патем се доделуват и средства на двајца вработени: еден ги добива за негови потреби, а другиот, преку среќата, со лотариско извлекување.

Дел од солидарниот фондот, за кој работниците доброволно издвојуваат секој месец по симболични 50 ден од својата плата, му се доделни на повредн рабоник, на кои сите вработени му посакаа брзо опоравување и враќање на работа. А, дел од средствата преку лотарија (извлекување на бројче на работникот) овој пат, и припаднаа на  Драгана Чурлиноски.

„Работам 4 години во оваа компанија, како асистент на оперативниот менаџер на компанијата. Средствата од лотаријата ќе ги искористам, наменски. Очекувам приново, и средствата сигруно ќе бидат искористени во таа насока, бидејќи тоа е нашата најголема радост.

Во однос на мерките при заштита, компанијата во која работам, максимално води сметка и грижа за заштита на работниците, но мора сите да научиме да ги менуваме навиките и да ги почитуваме правилата, иако во овој период на пандемија на сите ни е тешко да се прилагодуваме.“-  рече Драгана Чурлиноски.

 

Би можело да ве интересира

Вредни ваучери во Авто Контрол за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Гордана Цветаноска

За нормално функционирање на Платежната агенција и се потребни дополнителни 69 вработувања

Гордана Цветаноска

Биткоин надмина 7.000 долари – колку електрична енергија се користи за „копање“ на Биткоин?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе