Манастирот посветен на Св. Богородица – Пречиста или попозната како Кичевска, е духовен извор и светилник на христијанската вера. Глетката на манастирот го остава секој едне без здив. Конаците заштитнички ја опкружуваат црквата, која е една од најголемите во земјава, а спокојната и хармонична атмосфера која се чусвствува при велзот во црковниот двор, убаво и внимателно уреден со зеленило и цвеќиња, за кои се грижат калуѓерките кои тука го нашле својот духовен мир, ја надополнуваат убавината на ова манстиркиот комплекс.
Токму оваа глетка ги предизвика ФАН ПРОДУКЦИЈА – ОЛИВЕР, да ја направат репортажата, една од ретките, за ова духовно светилиште, која ќе ве остаави без здив, а секој кажана реч, ќе се врежи во вашите срца.
За чудотворната икона на Пресвета Богородица
Во црквата се наоѓа извор со света вода, посветен на света Богородица, каде луѓето го бараат својот спас, , Се вели дека кога и се обраќате со цврста молитва и искрена вера помага во исполнувањето на желбите и пронаоѓа лек за низа болести.
Легендата за создавањето на манастиорт вели:
Мештаните од кичевско решиле да градат манастир лика и прилика на големите грандиозни архитектонски зданија во чест на Св. Богородица. Локацијата на местото што ја избрале за да се гради манастирот била во близината на Кичево односно на местото каде денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија. Поставиле икона на светицата на местото и си заминале. Утредента иконата ја немало. Градителите помислиле дека некој ја украл, но веднаш разбрале дека иконата се наоѓа на друга блиска планина. Пошле на тоа место и ја нашле иконата како е поставена на вода односно на извор. Си рекле дека треба да ја вратат без да знаат што се случило. Но, иконата неколку дена ја наоѓале на изворот. Според легендата, во доцните вечерни часови огнената икона на пресвета Богородица во пламења летала од местото каде што ја поставиле до местото каде има извор и многу вода. Тогаш мештаните решиле дека Богородица сама си го одредила местото на градењето на нејзиниот манастир. Чудно, но манастирот навистина е изграден на вода…