Во изминатите 24 часa, до 8 часот утрово, 37 л/м2 се измерени во Прилеп , 27 л/м2 во Тополчани и Крушево. Што се однесува до прилeпското поле, според информациите од метеролозите , наврнале 48 литри дожд на м2, во изминатите 24 часа . Според метеролозите, врнежите ќе продолжат до сабота, со ист интензитет, но со намален,само, во попладневните часови. Инаку, најмногу дожд во Македонија наврнало во Демир Капија 59 л/м2/, Охирд и Скопје.
Дождот кој непрестанато паѓа од синоќа, создаде поплавени улици во Прилеп, а дел од канаизационите шахти по улиците изгледаа како фонтани. Максималната температура се движи во интервал од 23 до 29 степени
За денеска, УХМР најавува и како во текот на денот, така и во текот на ноќта, повторно да наврне поголема количина на воден талог, на места и над 35 литри на квадратен метар.