7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепско над 40 литри дожд за 2 часа

Прилепска Пелагонија бележи рекорди по количество на дожд во најтоплиот месец во годината – август. Само вчера попладне, во периодот од 17 до 19 часот наврнаа 42 литри на метар квадратен. Единствено регионот од Крушево до Прилеп беше опфатен со пороен дожд како резултат на 2 циклонални облаци чии што јадра предизвикаа интензивни врнежи и електрични празнења.
Според податоците од УХМР месец август бележи рекорди по количество на врнежи. Имено, за регионов вкупно, изминативе 10 тина дена, зависно од локациите наврнале од 130 до 170 литри на метар квадратен.

Според синоптичарите, не’ очекува стабилизација на временската состојба, суво време и повисоки дневни температури.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Пела Редакција

Четири нации, четири градоначалници го славea мирот

Елизабета Филипоска

Претставата “Стапица за глувци” одложена

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе