16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Сообраќајна незгода – повреден 16 годишнак кој управувал мопед

На крстосницата од кеј „9 -ти Септември” и улицата „Сотка Ѓорѓиоски” во Прилеп, вчеравечер,  во 21,оо часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т. (52) од Скопје и мопед „априлија” со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп

Би можело да ве интересира

Сообраќајни контроли: во Прилеп од 45 санкционирани,16 без возачка дозвола

Жена фатена како кради во продавница

По семејната трагедија ОЈО изврши увид, се чекаат информации од МВР

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе