Не станува збор дали победиле. Тоа веќе е познато во оваа натпреварувачка сезона. Станува збор само со колку. Од читирите натпревари, нивната победа е како да играат ракомет, а не голем фудбал, и е со двоцифрененка бројка на голови во противничката мрежа. ЖФК Деспина – Прилеп играат неверојатно оваа сезона и “газат„ се пред себе.
Овој пат нивниот противник ЖФК Шкупи, од скопски Чаир, немаше шанса да се доближи до голот на прилпечанки, дури постигна и два автогола, па само ја надополнија својата мрежа со сопствени сили.
ЖФК Деспина Прилеп- ЖФК Шкупи 11:0(3:0).
Од стручниот штаб велат дека победат била очекувана со оглед на тоа што Шкупи е „новајалија“ и неискусна екипа во првенството.
Стрелци: Ангела Стојкоска ( 3), Кате Милеска (3),по еден Сара Петреска , Анастасиа Илиевска , Катерина Милевска, Автоголови на Шкупи
Со оглед на ситуацијата на терен, овој пат на натпревар на домашен терен , можност за игра добија и помладите фудбалерки кои ја искоростија својата шанса со одлична игра и залагање и потврдија дека женскиот фудбал во Прилеп нема да згасни ,туку има можности да се развива.