Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп го означи крајот на креативниот конкурсот “Чувај го здравјето“ и беа одбрани најдобрите творби. Имено Креативниот конкурс е во духот на кампањата за заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, темата е: „Чувај го здравјето“.
За одбележување е дека конкурсот го рзбудил интересот и
креативноста кај учениците. Доделен се 13 награди во 4 категории, а
добитници на наградите има од 6 различни средни училишта. Најголем интерес имаше во делот на литературниот конкурс, односно во прозни и поетски творби. Но креативноста посебно беше во израз на цртежите и видеата.
Покрај дипломите кои ги добиваат наградените, планирано е во
сите училишта да се организра изложба на цртежи, прикажување на
видеата и читање на наградените творби.
Овој конкурс е во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата II фаза“, кој го реализира
Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија.
Материјалите кои учествуваа на конкурсот го промовираат почитување мерките за заштита од Covid-19. На конкурсот учествуваа творби на ученици од десет средни училиште и тоа со : цртежи, видеа, песни, раскази и пораки. Материјалите добиени на
конкурсот ги отценува ученици од училиштата.