-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Семејните веселби причина за кластерите! Бројот на заболени расте, Инфективното одделение, речиси полно! Ќе се вратиме ли повторно на повеќедневен карантин?!

Семејните веселби прична за кластерите! Бројот на заболени расте, Инфективното одделение, речиси полно, недостига медицински персонал… Ваква, е моменталната слика во Прилеп со пандмијата. Ќе се вратиме ли повторно на повеќедневен карантин или ќе се почитуваат мерките за превенција?! – се прашуваат надлежните

Поради алармантната состојба со зголемување на бројот на заболени од коронавирусот, заседаваше кризниот штаб. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски ги пренесе ставовите од надлежните институции и упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите на заштита од коронавирусот.  „Да не дозволиме ситуацијата да ескалира.“- рече тој

„Да не се доведеме до ситуација на нови рестрикции, полициски часови и повеќедневни карантини, кои би ја закочиле економијата и би не затвориле сите дома. Засилени се полициските контроли во градот, зголемен е бројот на изречени казни за оние кои не носат заштитни маски. По 60 до 70 казни се пишуваат на несовесните граѓани кои не носат заштитни маски. Но , се уште се чести случаи на групирање на граѓани, особено на млади лица кои во вечерните часови се збираат во парковите низ градот, како и група на пензионери кои се дружат на јавните површини, без да ја почитуваат задолжителната дистанца. Евидентни се дружбите во локалите и рестораните, семејните прослави со голем број на присутни, групирања пред банките и маркетите.-истакна Јованоски кој го повика и граѓанскиот сектор од Прилеп, со свои активности поактивно да се вклучат во кампањата за заштита од Ковид-19.

  • Поради пандемијата затворено е и Приемното одделени во локалната самоуправа, бидјеќи едно од вработните лице се покажало позитивно на КОВИД 19. Службата засега е премесетен е во оделението за даночни работи.  
  • Во градскиот пазар, без исклучок, секој трговец и секој купувач , ќе мора да ги почитува мерките, да се носи зшттни маски , а трговците да имаа и средство за дезинфекција на своите тезги.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираа дека  во Прилеп денеска има 4 новозаболени, 125 активни случаи од кои 23 се на болничко лекување, а 102 на домашно. Во моментов има само еден активен кластер во една компанија, но  најголема причина за зголемувањето на бројот на заболени лиџа се дружењата на луѓето.

 

Епидемиолошката анкета покажува дека во работните организации сите позитивни немаат поврзаност меѓу себе, што значи дека го донесле од надвор. Голем дел од нив во анкетата кажале дека присуствувале на семејни веселби, слави, имендени, групни собирања“ – рече Драгица Николоска, директорот на Центаот за јавно здравје – Прилеп

Прилеп има сериозен проблем со зголмување на бројот забоелни  од КОВИД 19, но  и со хоситализирањето на заболените.

„Тешките пациенти треба да ги праќаме на Инфективна клиника, меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките пациенти остануваат да бидат третирани кај нас. Немаме респиратор, но и на Инфективна клиника и секаде на друго место престанаа да ги ставаат на респиратор. Имаат некои други сип-ап маски, кои ние ги немаме, а тие ги имаат, така да обично ни ги примаат само помладите пациенти. „Старосната граница некако ни се повлекува, погоре, значи и помлади хоспитализираме со потешка клиничка слика, за разлика од тоа што има кај постарите потешка клиничка слика.  Ни треба персонал кој што не можеме да го најдеме. Во оваа ситуација кога имаме зголемен број на позитивни и зголемен број на хоспитализирани, нормално дека треба повеќе персонал, кој тешко се најдува“, истакна Мирјана Крстеска, раководител на инфективно одделение при Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Капацитетот на легла во Инфекситново одделени во прилепската болница е 30 легла, од кои веќе со днешниот ден, се  исполнети 23 легла, од кои 10 пациенти се на кислородна поддршка. Прилепските инфектолози бараат и поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното одделение не е во главната болничка зграда. Со овој проблем е запозната управата на болницата, но засега реализацијата не е возможна. Од оваа недела за утврдување на состојбата на заболени од КОВИД 19 е ставено во функција и Ургентното одделени.

Од први август , до денес, во Прилеп регистрирани се вкупно 313 новозаразени, во јули 70, а во јуни 51 лице било заразено. Вкупно во прилепскиот регион од почетокот на пандемијата се регистрирани  644 заразаени од ковид-19, а починати се 38 лица.

Би можело да ве интересира

„Мали тркала за големи промени“- на тротинети по повод Европската недела на мобилност 

Пела Редакција

Изборите да се спојат – порача Мицкоски од Прилеп

Излетнички, низ Прилепското Вештачко езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе