Матеа Бонеска и Марија Митреска го освоија второто место на Меѓународниот фестивал за проза и поезија „Тифун Димиќ“ во Нови Сад. Младите поетеси се ученички во четврто одделение во ООУ „Страшо Пинџур“ од с.Мало Коњари. Поттик за учество на натпреварот им дала нивната менторка Ирена Кироска, вд директор на училиштето. Ова е прва нивна награда на натпревар од меѓународен карактер.
„Испирирани од природата, домот, училиштето, семејството, ние учениците од Кадино Село, заедно со нашата наставничка Ирена Кироска, учествувавме на 8. Меѓународен фестивал ,,Трифун Димиќ“ за поезија и проза за основци, многу сме радосни и понатаму ќе продолжиме да пишуваме“, посочија ученичките од Матеа и Марија.
„На часовите по творештво пишуваме, твориме, цртаме и се обидуваме да ги истакнеме нашите квалитети и можности. Досега сме учествувале на поетски и ликовни конкурси во нашата земја, но оваа ни е прва меѓународна награда. Овој конкурс ни даде поттик и мотив да пишуваме уште повеќе, а се надеваме дека ќе продолжиме и понатаму со нов жар со нови идеи“, истакна менторот на наградените ученици и вд директор на ООУ „Страшо Пинџур“, Ирена Кироска.