5.9 C
Прилеп
четврток, 19 декември, 2024
Пела Радио

ФК Победа – со нови сили во нови победи!

ФК Победа подготвена го дочекува стартот на пролетниот дел македонското провенство, беше кажано на денешната прес конференција – ден пред првиот настап. Утре се игра 19-тото коло, а дуелот со Пелистер ФК Победа го игра во Турново со почеток во 14 часот.
-Она што е клучно да кажеме е дека денеска се исплати првата плата за оваа сезона. На сите им беше извршена уплатата, така да по овој прес имаме состанок со фудбалерите да им го соопштиме тоа бидејќи многу е клучно и битно да се задржи довербата кај фудбалерите бидејќи ние тоа го ветивме. Моите лични амбиции, во однос на оваа полусезона се секако 6-та позиција, која што ќе ни донесе стабилност, со цел да продолжиме и понатаму во новата полусезона, каде ќе разговараме за наредните амбиции, потенцира попладнево во клупските простории на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, на прес конференција в.д. извршниот директор на клубот Ирена Јакимовска која говореше за актуелните состојби во клубот и очекувањата од продолжението на шампионатот.
Спортскиот директор на клубот Јане Николоски посочи дека никогаш досега Победа не донела 11 засилувања, но дека 90 отсто од планираното е завршено.
– Единствено што може да жалиме е што не успеавме да го ангажираме и нашето 12 засилување, а тоа е Стефан Грбовиќ, кој имаше проблеми со документацијата. Со тоа Шефот ќе состави еден тим, со кој се надевам дека уште од утре успешно ќе започне и втората полусезона. Сето останато е на Стручниот штаб и на играчите кои се надевам ќе го дадат својот максимум и се надевам дека утре ќе се израдуваме со 3 бода кои што ќе ни дадат малку поголема волја и малку поголем мир во продолжение на првенството, рече Николоски.
Состојбите во клубот се стабилизирани, по проблемите со доцнење на исплатите. Шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања искажа благодарност на новото раководство.
– Доведовме 11 но ни заминаа 14 играчи. Се обидовме да ангажираме зацртани засилувања. Сигурно задоцнивме околу комплетирањето на тимот, поради промените во клубот и подоцниот старт на подготовките, ако беше од почеток работите ќе беа како што треба. Јас секогаш сум искрен, така е и овојпат, и не сум сигурен во целост дека дали сите ќе бидат засилувања, бидејќи тука има играчи кои подоцна се приклучија и кои дојдоа тука да се докажуваат. На крајот фокусот беше што повеќе прилепчани да останат, а дали не сме погрешиле ќе покаже крајот на сезоната. Она што го доведовме и што мислиме дека се јас сметам дека се вистински засилувања. Никогаш не истакнувам поединци но доведовме голман-интернационалец-Тофилоски, кој ќе биде наш капитен, а тука е и Даноски, кој исто така е со завидна интернационална кариера…Тоа се вистинските засилувања.
Раководството на клубот се заблагодарија на спонзорите: главниот спонзор „Мермерен комбинат“, основачите Прилепска Пивара и господинот Сашо Самарџиоски, Комфи Ангел, Џорџ Атанасоски и неговата ТВ Сонце, компанијата ,,Витаминка“, хотелот ,,Атлас“ и ,,Кабелнет“, како и поддршката од Општината предводена од Градоначалникот Илија Јованоски.

Би можело да ве интересира

Победа загуби во Струмица – бодовите за Беласица (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Седум каратисти од „Бонсаи“ на Балканско првенство за млади категории

Контролен натпревар на ЖРК Деспина пред стартот на сезоната

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе