7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Духовниот водач Никодим Царњас казнет со 45.000 евра од Грција

Грчката канцеларија за даночни приходи во Воден, го казнила македонскиот свештеник и Архимандрит Никодим Царкњас. На Царкњас му било побарано да плати околу 45.000 евра во данок од вкупно 57.000 евра примени како донација за изградба на Македонска Православна Црква „Света Злата Мегленска“ во С’Ботско (Аридеја), која, не е призната од грчката држава.
Бидејќи Царкњас само ги прифатил средствата како донација во корист на црквата во заедницата, тој и одговорил на Управата за даноци дека немал законска обврска да ги пријави како “приход”. Канцеларијата го одбила неговото барање и ја уважила казната. По поднесената жалба во јануари 2018 година, Царкњас бара поништување на илегално издадената парична казни. Ако грешката не се поправи, тој е подготвен да ја тужи јавната администрација за прекршување на даночниот законик и бесрамната нелегална дискриминација против него, врз основа на неговото етничко наследство и верскиот идентитет.
Од анексијата на Егејска Македонија од 1913 година, Грција има извршено етничко чистење, културолошки геноцид и сурови злосторства против домородните етнички Македонци во регионот. Дел од таа политика е да се оспори верската слобода на Македонците. Во современи времиња ова значи забрана за изградба на нови македонски православни цркви и замена на античките преку конфискација од страна на Грчката православна црква, процес кој вклучувал отстранување на антички икони и надгробни споменици. Неправдата против Архимандритот Царкњас се одвива со децении; како активист за човекови права, тој е уапсен повеќе од десетина пати, а вклучувајќи и физички напад од грчки полицаец.

Извор: Весник „Илинден“ – Тирана

Би можело да ве интересира

Ќе се спречи пропаѓањето на „Св Ѓорѓи“ во Курбиново ,Преспанско

Елизабета Филипоска

Семејните веселби причина за кластерите! Бројот на заболени расте, Инфективното одделение, речиси полно! Ќе се вратиме ли повторно на повеќедневен карантин?!

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (70- предизборна)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе