11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По кои критериуми ќе се делат донираните таблет-компутери од Витаминка?

Деновиве Витаминка и продукцијата „ОХО„  која го подготвува серијалот  „Преспав“ донираа 100 таблети-компутери за 50 семејствата од Прилеп и 50 семејства од Битола, кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. Информацијата пробуди интерес кај многу прилепчани кои се обратија до нашата редакција, како и  во коментари на објавата на Радио Пела поставуваа прашања поврзано со тоа “како и по кои критериуми би се доделувале таблетите?„

Локалната самоуправа информира дека смарт уредите ќе бидат распределени во училиштата кои имаат  ученици чии семејства имаат лош социјален статус. Најголем број ученици од семејства  во социјален ризик се во ООУ “Добре Јованоски“? Дали сите 50 смарт уреди ќе одат во ова училиште, се обративме до директорката на ООУ Добре Јованоски Прилеп.

„ ООУ „Добре Јованоски“ има најголем број,  220 до 250 ученици,  кои  исклучиво користат печатени материјали во следење на образовниот процес. Затоа под итно ни се потребни смарт уреди. Имаме база на податоци од социјално загрозени семејства добиени од МЦСР –Прилеп чии деца немаат услови за следење на он-лајн настава. Таблетите се добредојдени, но  доколку немаат интернет картички, ние како училиште сме во неможност на секое семејство да му плаќаме месечна интернет конекција. Инаку, таблетите ќе се доделуваат на реверс, што значи ќе треба да бидат вратени во исправна состојба доколку социјалниот статус на семејствата се промени.“-  вели, директорката на ООУ Добре Јованоски Сузана Дарковска, каде учат голем број ученици чии семејства користат гарантирана минимална помош и образован додаток .  

Таа посочи дека и покрај  организираната настава, попладневна и претпладневна смена на одржување на он лајн настава, многу повеќедетни семејства, тешко можат да ја следат наставата, од една страна, а од друга страна, најголемиот дел од овие ученици во своите домови немаат интернет  конекција.

„Добивме претходно 8 таблети од локалната самоуправа, 30 преку навладини организации кои беа распределувани само врз основа на социјалниот статус на семејствата, но најважна е интенет конекцијата, а дел од семејствата  немаа интернет дома и им се потребни интернет картички за поврзување на смарт уредот “ – вели Дарковска.

Таа потврди дека таблет- компутерите сеуште не се пристигнати во училиштето. Наводно, 50-те таблет – компутери ќе треба да бидат донирани, во ова основно училиште,  иако и од останатите училишта очекуваа да добијат дел од донацијата на Витаминка.

Би можело да ве интересира

7 нови случаи на коронавирус во Прилеп

Елизабета Филипоска

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Се гради фекалната канализација во с.Норово и се доуредува спортската сала во Крушево

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе