29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Крушево започна уште едно меѓународно параглајдинг првенство

Веднаш по завршување на 16-тото Светско првенство во параглајдерство во Крушево започнува уште едно меѓународно првенство со околу 130 учесници.
Утрово беше отворено првенство во параглајдерство под наслов Gin Wide Open.
„ Крушево е град на авантурата и местото за авантуризам. Завршивме со Светското првенство,а во годините што следат организираме уште неколку европски и светски првенства во параглајдерство и змајарство. Сакам да ви посакам одличен престој и успешно натпреварување“, порача градоначалникот на општина Крушево.
Во Крушево присутен е и сопственик на фабрика за производство на падобрани од Јужна Кореа Џин Сеок Сонг кој во изминатите две недели го тестираше теренот и неговите нови производи. Во текот на наредните денови ќе објавиме и видео материјал во кој директно ќе пренесеме што господинот Џин мисли за Крушево и можностите за параглајдинг.

Би можело да ве интересира

Љубење со стихови – незаборавно поетско дружење (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

РК Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе се борат за третото место на турнирот “Миле Нешкоски“

Полицијата го пронајде исчезнатиот прилепчанец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе