3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вакцинацијата против сезонскиот грип треба да започне утре

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип наместо како до лани во Центарот за јавно здравје, годинава ќе се реализира во посебен пункт во Здравствениот дом Прилеп.

„За таа намена обезбедени се посебни простории, и влез во објектот, а тимот обавуваше едукација“, рече Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп. Таа потврди дека се чека попрецизна информација од ресорното министерство за тоа дали вакцинацијата ќе започне утре, вторник, како што најави министерот Филипче.

Закажувањето на бесплатната вакцинација ќе оди, како и досега преку Мој термин, со матичните лекари. Минатата година во Центарот за јавно здравје Прилеп беа обезбедени околу 3 илјади вакцини и имаше голем интерес за вакцинацијата против сезонскиот грип.

Со бесплатната вакцина ќе бидат опфатени хроничните болни, здравствените работници, бремените жени, децата од шест месеци до 5 години и пензионерите над 65 години. За останатите граѓани, комерцијалната вакцина оваа година ќе чини 800 денари.

Би можело да ве интересира

Конечно и ул „Кеј ‘9 -ти Септември„ се реконструира

Елизабета Филипоска

Ако дестинација Ви е Крушево – богата програмата за „10 дена Крушевска Република“

Елизабета Филипоска

Ќе се зголемуваат температурите во наредните денови

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе