8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Изминатата седмица 16 починати и 292 нови ковид случаи

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14-ти декември, во општина Прилеп имало 292 нови случаи на Ковид-19.

Од последици на коронавирусот, починале 16 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 893, а 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, од кои 102 на болничко, а 85 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 60 пациенти. Во домашна изолација и самоизолација има 1.502 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.675.

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во Прилеп починалe вкупно 167 лицa.

Би можело да ве интересира

Дневен Ковид биланс – Прилеп не се симнува од врвот

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Прилепски Водовод подготвува проекти за канализациона мрежа во Селце и Лагово

Заедничко 8-мо мартовско пладне со музика, медењаци и уметност, во организација на ЛАГ Агро Лидер

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе