4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Откупот и протестите продолжуваат

На законскиот рок за старт на тутунскиот откуп, денеска – 15 ти декември, неизвесноста за динамиката со преземањето на годинешната реколта и натаму продолжува. Ресорниот министер Арјанит Хоџа доцна попладнево оствари средба со тутунарите во големата сала на Општина Прилеп и на незадоволните земјоделци, претставници од Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари и од Сојузот на земјоделски здруженија им ги пренесе заклучоците од средбата која што тој ја реализирал во Скопје со поголемите откупувачи. Средбата траеше два и пол часа, а пред општинската зграда поголема група тутунопроизводители го очекуваа исходот.

Хоџа  : Откупувачите ветија  флеkсибилност

– Поради револтот на тутунарите од првиот ден на откуп – по договорот во петокот, и повикот од страна на тутунарите јас дојдов тука во Прилеп за да се договориме како ќе се одвива работата. До следниот петок, она што сме се договориле во Скопје ние мора да имаме еден пресек за тоа како се одвива линијата на откуп на тутун, како се одвива просечната цена, и нормално заради тоа не смее да има прекин во делот на откуп на тутун. Во понеделникот поголемиот дел од откупувачите не беа на ниво на договорот што беше во Скопје, Иницијативниот одбор за организирање на протести, како нивни одговор сакаат утре да продолжат со протестите односно со блокирање на 2 часа на главниот пат Скопје – Прилеп. Нормално дека тие ќе протестираат, но истовремено ќе се одвива и откупот на тутунот, непречено тоа што в петок ќе направиме еден пресек. Самите откупувачи ветија дека ќе бидат пофлексибилни во испочитување на правилниците за проценка на тутун, а нормално и во делот на вишокот на тутун треба да имаат разбирање, кога ќе има некаде околу 75% од завршувањето на откупот. Верувам дека ќе има разбирање и подобрување во проценката на тутунот, во најмалка рака во флеkсибилност како во минатата година.

Комуникацијата од дистанца посебно со откупувачите, посебно со производителите, кажува две вистини, едната нивна, едната на производителите. Заради тоа јас инсистирав да имаме пресек – неделен за тоа да знаеме како ќе се одвива.

     Тутунот е за нијанса послаб, но не за класа или две класи пониско од лани

Од страна на откупните центри морам да кажам дека некоја логичност во нивниот исказ дека има лош тутун во оваа реколта. Точно е дека има за нијанса послаб, но немора да значи дека тој тутун е за класа или две послаб од ланската реколта. Заради тоа, нивното укажување не смее да се креира како мислење дека е тоа овогодинешната реколта. Јас уште еднаш укажувам дека и самите производители се свесни дека не може да се стигне ланската цена и ланскиот квалитет, но не мора да значи дека е до тој степен лош тутунот оваа година колку што почнаа да го оценуваат откупувачите, министерот Хоџа.  

Увозот на тутун не прави дисбаланс

– Не е точно дека увозот на тутун правел дисбаланс во откупот на нашиот тутун тука. Само за илустрација од 1 ви јануари 2020 до овој момент има увоз на тутун од 1 800 тона, не од типот ориентален кој што се произведува тука кај нас, туку тип кој што треба да се преработи понатаму за краен производ, односно за производство на цигари. Така што нема врска увозот на тутун со ова што се случува во моментов во нашата држава со откупот. Со овие бројки и на производителите им е јасно дека увезениот тутун нема врска со производството на тутун.

Важно е да се врати линијата на проценка во полн погон

Тука се две ситуации што треба да ги знае јавноста: има вишок на тутун за што мора да се изнајде решение,  мора да се воспостави флексибилна линија. Бидејќи, ланска година до овој момент, ние сме имале околу 40% од вкупниот произведен тутун. Додека оваа година, до овој момент, ние имаме само 3 % откуп. Заради тоа се настанати сите овие нервози и битно е да се врати линијата во полн погон и со тоа ќе знаеме дали се реални очекувањата, односно, нервозите од страна на производителите. Според податоците досега, на 600 и нешто тони откупен тутун, просечната цена се одвива некаде 164 денари. Тоа е знаеме почетокот не може да биде како репер, бидејќи и другите години на толку мала количина, цената на почетокот е помала, рече министерот Арјанит Хоџа.

-Игор Мирчески: Ние немаме никаква гаранции дека договореното со откупувачите ќе се испочитува

– Повторно денеска министерот не’ удостои со средба, дојде во Прилеп да ни ги пренесе заклучоците што се донесени во Владата со премиерот и со откупувачите. Меѓутоа такви заклучоци нема. Сето тоа е една добра намера. Ние немаме никаква гаранција дека тоа така ќе се случи. Тие наводно договориле флексибилна линија, меѓутоа потврда за сето тоа ние немаме. Нас ни треба за тоа гаранции. Откупот треба да трае од утре до крај, во сите градови, во сите откупни пунктови. Не е мерило откупот во овие 5 дена ќе биде добар, па следните ќе биде лош, па после уште полош и ништо нема да добиеме. Нас ни требаат гаранции дека откупот ќе трае од почетокот до крај на исто ниво. Ништо друго не бараме, сите комбинати да почитуваат иста линија, тоа што се договоривме да го почитуваат, и само така може. Тие гаранции да ни дадат кон државата, кон министерството, кон владата.  Еве кон нас некни ги дадоа – не’ излажаа. Ние сме изреволтирани и повеќе не им веруваме.

      Утре протестот ќе се одржи, а од четврток Иницијативниот одбор не сноси одговорност за протестите

Утре си тераме на протест, како што е и закажан. Ќе го блокираме патот магистрален 2 часа повторно, меѓутоа од четврток Иницијативниот одбор нема ги закажува протестите. Ќе се собираат луѓето спонтано, сами, за да не биде Иницијативниот одбор гарант за сето ова, оти овие револти ќе се зголемат, а револтот носи и други работи. Така што од четврток протестите ќе бидат самоиницијативни на масата на луѓе, на тие што се револтирани, за да не сноси никој одговорност. Ако не се подобри откупот, тие ќе се зголемуваат секој ден, луѓето самоиницијативно, по договор, по  фејсбук, по телефон ќе се собираат и ќе се организираат.

Во меѓувреме откупот ќе тече, но тоа не е за нас гаранција. Ќе се викаат луѓе, ќе се прават пресеци, во петок ќе имаме одличен просек, но тоа не е за нас гаранција. За нас гаранција е да биде просекот од утре до крајот на откупната кампања, тоа ќе трае до март, нема да трае до февруари. Еве веќе изгубивме цел месец. Треба гаранција од почеток до крај, за цела Македонија, за сите откупувачи, сите да бидат корентно и чесно платени како што треба. Ние се бориме за секој килограм тутун. Килограм тутун и во Скопј, и во Прилеп, и во Битола, и во Радовиш треба исто да се вреднува. И тој таму имал и трошоци и маки како и ние. Значи секаде е исто. Утре протестот ќе се одржи, а од четврток самоиницијативно, ако има толпа секојдневно, рече Мирчески од Иницијативниот одбор на групата Македонски тутунари.

Мендо Стомнароски: Откупот ќе продолжи, протестите ги поддржуваме

– Се донесе заклучок откупот на тутун да продолжи, тутунопроизводителите да носат тутун. Ние како Сојуз ќе го поддржиме штрајкот, ќе излеземе со нив, и секогаш ќе бидеме со тутунарите. Нема да дозволиме да му се земе тутунот за 2 класи подолу. Мора да се избориме родот, квалитетот да му биде платен реално, онака како што го произведиле. Ние немаме законска можност од 15 ти декември да ги повлекуваме поверениците, затоа што тоа е казниво. Но, можеме да ги повикаме тутунопроизводителите доколку до в петок линијата не тргне, од понеделник тутунопроизводителите, заедно со поверениците, да ги блокираат вагите, рече Мендо Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Ова е договорот постигнат денеска меѓу откупувачите, премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа:

Би можело да ве интересира

Витаминка и „Преспав“ донираат таблети за учениците

Гордана Цветаноска

„Утре можеш да бидеш и ти“ – протест на прилепските велосипедисти

Пела Редакција

(ГАЛЕРИЈА)Млеко 2024“ и предизвиците на македонските сточари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе