7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

За потребите на земјоделството во прилепско поставени агрометеоролошки станици

Во селата Галичани и Канатларци, поставени се две агрометеоролошки станици за перманентно следење на временските прилики. Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ има сензори за мерење на температурата и влажноста на воздухот, на воздушниот притисок, брзината на ветрот, на количествата врнежи, соларната радијација, влажноста на лист и сензор за мерење на температурата на почвата.

Метео податоците од одредената локација се обработуваат софтвер за модел на прогноза на болести, од каде што се добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитетот на напад на поединечни болести или штетници за секоја култура посебно.Преку денот, станицата ја добива електричната енергија за работа преку соларен панел, а во текот на ноќта, работи на акумулаторска батерија. Агрометеоролошките станици се поставени во консултација со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Прилеп.

Агрометеоролошките станици ги набави и ги постави Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со софтвер за земјоделски култури. Ова е во рамките на проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“.

Би можело да ве интересира

Над 100 археолошки експонати од исклучителна вредност содржи Лапидариумот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Уапсен насилник кој физички ја нападнал сопругата

Денеска Прилеп го одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе