11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Марина:“Сакам со силата на моите раце еден ден да го кренам мојот син!“

Ова е приказна за Марина Гулеска од Прилеп, која е една во редиците приказни поврзани со не можноста да се оствари единствена желба – да се биде здрава, како некогаш.

Човекот по природа е борбено, но и горделиво суштество, па затоа понекогаш прифаќањето на помош, во вид на донации и молби за собирање на парични помош доаѓа како навреда на човечкото  достоинство. Таква е и Марина, 39 годишна самохрана мајка, со силен дух и достоинство. Но, маката и желбата да го крене својот син на раце, ќе ја натера достоинството да го потисне и да започне битка за оздравување.  

Марина Гулеска во нејзиниот дом

Добро е, во оваа приказна, што не е изгубена вербата во хуманоста!  Марина бара помош од Здружението “Надеж за сите“, едно од најактивните здруженија за помош на сиромашни и болни лица, со цел да ги собере потребните средства за лекување.

Донаторска сметка и тел. број од Марина и Здружението “Надеж за сите“ за инфомрации

Проблемиете на Марина започнуваат кога пред 12 години лекарите и’ констатирале мозочно крварење (настанато при породување), со што престануваа функционирањето на  нејзините екстремитетите. Нејзината левата рака е вон функционална, а не може ниту да се движи без помагала. За подолга релација и’ треба инвалидска количка.  Марина е самохрана мајка.  Живее од социјалните примања кои и’ следуваа, во еднособен стан, со својот малолетени син, каде повремено и’ помага нејзината мајка.

Со здружението “Надеж за сите„

“Информацијата, дека не може да се излечам, ја доживеав како шок. Се обидов во неколку наврати да се лечам, но лекарите тврдеа дека мојата ситуција не е лоша.”- започна да ја раскажува својата приказна Марина, повторувајќи постојано дека барањето донации не и’ е својствено.

Дијагноза на лекарите

„Ја однесовме со брза помош. Падна во кома. Но, лекарите по одреден период на лекување и престој во болниците тврдеа дека е здрава, дека ситуацијата не е толку лоша и дека нејзината здравствена состојба ќе се подобрува. Така рекоа и кога ни ја дадоа отпусната листа, а таа од болница излезе со искривена уста и око, искривено лице и со потреба да користи памперси долго време. Ја давав целата плата за инекции од Германија, позамував и врајќав пари, но состојбата не се подобри”- раскажува низ солзи нејзината мајка

Марина Гулеска пред да има проблеми со својата здравствена состојба

“Денес ми создава крајна непријатност кога луѓето ме застануваат и ме прашуваат дали сум така родена, што ми се случило. ..?! Сакам да оздравам и да ја покажам мојата енергичност и креативност. Сакам да се вратам излечена и на раце да го кренам својот син. Сакам да бидам своја, никој да не ми помага, самостојно да си го гледам синот,  сама да заработувам и да бидам здрава!“-  енергично посочи Марина,  жената која реши со сета своја сила да ја промени ситуацијата на нејзиниот живот.

Средства потребни за лекување

Марина добива ветување од клиника во соседна Србија дека со помош на роботна терапија ќе се подобри значително нејзината здравствена состојба. Велат, надежта последна умира, па поттикната и поддржана од Здружението „Надеж за Сите“ таа се обидува да собере донација од 6,5 илијади евра, колку што е потребно за оваа интервенција. 

Васе Благадушоска, од Здружението „Надеж за сите“ објасни дека за состојбата на Марина слушнале од нејзинте роднини, кои побарале  од нив, како здружение, да и’ помогнат во собирањето на потребните средства за лекување.

„Ја посетивме Марина и таа ни ја раскажа својата тешка и болна приказна, па тимот на нашето здружение застана во нејзина поддршка за да и’ помогнеме да ги собере потребните средства за лекување во странство. Тимот на здружението веќе  започнува активно со организирање хуманитарни акции, преку донациски броеви и помош од стопански субјекти, и сме со силна желба да и’ помогнеме на оваа млада жена, храбра и решителна, за нејзино лекување во странство .“- потенцира Благадушоска.

Билјана Глигорова вели дека Здружението „Надеж за сите“, познато на социјалните мрежи како „Надеж – Надеж“, се обидува да им излезе во пресрет на луѓето чија помош им е најопходна.

„Факт е дека без заедничко делување, здружено, тешко може да им се помогне на поединци, на семејства, бидејќи има се’ повеќе луѓе чија помош им е потребан, па ваквите хуманитарни акции сакаат голем труд и време да се организираат и да се соберат парични средства или пак друг вид на помош.  Нашето здружение е формирано да им помага на луѓето , и ние, и покрај се’ , не отстапуваме од тоа да им помагаме на луѓе, колку и да е тешка оваа работа, и колку и да е потребен напор и труд.  Застанувам овој пат за помош на Марина, и се надевам дека желбата  да го подигне својот син во рацете, ќе  и’ стане реалност! Верувам во хуманите луѓе, верувам во општествено одговорните компании дека ќе излезат во пресрет “-вели Глигорова.

Долгата транзиција во Македонија надополнета со пандемијата, за жал, создаде редица слични вакви, тажни приказни,  за луѓе кои живеат околу нас. Но, „Надеж за сите“ остануваат на својата мисија – да им помагаат на луѓето!

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Божиќна ЗИМСКА ПРИКАЗНА на германистите од Македонија   

Елизабета Филипоска

ИН МЕМОРИАМ: ПОЧИНА КИРИЛ САМАРЏИОСКИ – СИНОНИМОТ НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

Гордана Цветаноска

Трчаме, се грижиме за лицата со церебрална парализа (We Run – We Care)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе