16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ФОТО) Имал среќа!!! Земјоделец куртили при пад на далновод…

МЕПСО секоја година упатува апел – земјоделците да бидат внимателни при работата со механизацијата и со наводнувањето во нивите каде што има далноводи. Но, после овој случај земјоделците треба да упатат предупредување до МЕПСО за тоа – какви фирми изведувачи вршат замена на далноводната мрежа.

Во полициската хроника деновиве го имаше следниот случај:

На 10.07.2025 во 19.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во близина на патот Прилеп-Битола во м.в.„Горно Садово“, М.В.(70)  од Прилеп додека изведувал земјоделски работи на неговата нива, слушнал силен звук и паднал во безсознание, а кога се освестил забележал дека имало паднат далековод. М.В. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош.

Редакцијата на Радио Пела ја контактираше синот на 70 годишниот прилепчанец  кој ни достави фотографии за настанот кој што многу лесно можел да биде со трагичен крај. Не’ информираше дека неговиот татко е добар и се опоравува по стресот кој што го преживеал. За каква штета станува збор од фотографиите може да се забележи – падот на далноводот уништил дел од насадите со тутунот и на земјиштето каде што неговиот татко работел и ja обработувал.

 

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп наскоро, отвора дневен Центар за лица со церебрална парализа

Прилепските пензионери не се откажуваат, бараат правда!!!

Прилепските гимназијалци Wall Street Minds влегоа во ТОП 20 бизнис идеи и се чекор поблиску до наградата од милион денари во натпреварот „Средношколец Милионер“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе