16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Колку пари инкасираа спортските клубови од Прилеп од АМС?!

При распоредување на средствата во вид на ваучер, од страна на Агенцијата за млади и спорт, за помош на клубовите и спортските федерации, ФК Победа доби ваучар во висина од 1.600 илјади денари , РК Прилеп на својата сметка инкасира 2.600 илјади денари, додека пак кај дамите, ЖРК Деспина доби ваучар, како помош од АМС, во висина од 800 илјади денари, а ЖФК Деспина 1.050.000 ден.

Од помалите клубови,  РК Филип доби 100 илјади денари, ФК Големо Коњари, 40 илијади денари, а ФК Млекар од Мало Коњари, ваучар од 20 илјади денари.

БК АС –Прилеп доби  202.000 ден , Стрелечкиот клуб, СК Херој – Прилеп доби ваучар во висина од 350 илјади денари, а СК Стрелец – 09 –  Прилеп 250 илјади денари.

Пинпонгарскиот клуб Младот –Прилеп добил ваучар од 150 илијди денари, Клубот за гимнастички спортови –Партизан Соколана – Прилеп, 100.000 денари, ТСК Клуб Темеп-  Прилеп, 100.000 денари, а Шаховскиот клуб Прилеп, 270 илјади денари. Во групарта на полуструктуирни федерации, клубот на шах на слепи и слабовидни лица, Александар Тодоровски Прилеп, доби ваучар од 80.ооо ден.

Комплетните листи на добитниците на ваучерите можете да ги погледнете ТУКА : https://drive.google.com/file/d/1g__5sstzT6lW72-ArQgWKDWqymmhxSkG/view

Би можело да ве интересира

БЕЗБОЛЕН ПОРАЗ НА ПРИЛЕП!

Прилепчанец е новиот претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија

Младинците на Победа го добија противникот во квалификациите за лигата на шампиони (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе