8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Снегот ги одложи фудбалските натпревари во Прилеп

Поради снегот чија покривка во Прилеп изнесуваше 6 см , се одложи натпреварт од 20-тото коло на Втората лига-Исток меѓу Победа и Тиквеш, кој требаше да се одгира на теренот на спортско – рекреативниот ценатр „Могилата“. Разгледувајќи ги условите за игра, двата клуба предложија мечот да се одигра следниот слободен викенд (на 27-ми или 28-ми март) во Прилеп, кога се очекува подобрување на временските услови.

Снегот ги одложи и дуелите на кадетите и младинците на Победа и Вардар. Снежните врнежи во Прилеп и ,,забелениот,, терен со вештачка трева беа причините поради кои не се одигра и кадетско-младинскиот меч од последното 11-то коло на Супер лигата меѓу Победа и Вардар во двете конкуренции.

И ,тука преставниците од екипите и официјалните лица констатираа дека нема услови за одигрување на натпреварите, кои дополнително ќе бидат презекажани.

Би можело да ве интересира

Победа посилна од лидерот – Мазари играч на натпреварот (ФОТО)

Никола Димески

Тофилоски се враќа на голот на Победа

Ракометниот клуб „Прилеп“ со поддршка од градоначалникот Јованоски и Општина Прилеп продолжуваат со натпревари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе