21.3 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Есенски прваци без ниту еден пораз – Младост 96 доминира во женската пинг-понгарска суперлига

Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-понг лига без ниту една загубена средба. Во последниот натпревар каде со одлучуваше есенската полусезона со директниот конкурент „Шампиони ФА“, остварија победа со 4-3. Тимот ја демонстрира својата сила и тактичка зрелост во секој натпревар, што резултираше со перфектен биланс и убедливо водство на табелата.

Во овој успех силен печат оставија Софија Хасану, Ива Димитриеска, Емилија Бошкоска, како и интернационалното засилување од Грција, Стела Цариду. Нивната одлична форма, карактер и посветеност на теренот ја потврдија амбицијата на клубот да биде врвна сила во македонскиот женски пинг-понг.

Тренерскиот и стручен тим истакнаа дека квалитетот на играчките, нивниот тимски дух и континуираната работа во клубот се клучот за овој успех.
Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и љубителите на спортот, најавувајќи дека ова е само почеток на уште поголеми успеси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бесплатно делеше маски, земјоделската аптека „Агро Рајчин“ од Кривогаштани и порачаа: “Откажете се барем од половината од профитот од продажбата на маски“

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани го прослави патрониот празник

Метео аларм: до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи, ветар и појава на град

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе