ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчанецот Оливер Димитриоски на чело на РК Прилеп

1.119

Прилепчанецот, некогашен играч на Тут-ком , Оливер Димитриоски, е новиот тренер на РК Прилеп , по заминувањето на Ице Соколески во стручниот штаб на Еурофарм Работник.

Димитриоски  во последните седум години ги водеше Металург 2, како и младинските селекции на тимот од Автокоманда. Тој и неговото семјество по „душа“ се „металурзи“. Ракометот  во семјството Димитриески е секојдневие. Сопругата Тајна е тренер во младинските школи на Металург, ќерката игралжч во младинските категории на Металург, а синот Димитрија е првотенмец во РК Металург и младински репрезентативец.

Како и да е Оливер Димитриоски, со својата стучност ќе се обиде да го врати достоинството на ракометот во Прилеп, бидејќи  се беше поврзано со опстанокот на клубот и се случи многу брзо. Откако Општината еднаш рече „не„, а потоа  реши да продолжи со  финасирање и да го потпомага машкиот ракометен  клуб Прилеп, управата на клубот одлучи да наједе веднаш замена за Соколоски , без оглед што екипата е квалитивно е редуцирана. РК Прилеп оваа полусезона заради настанатата ситуација остана  без поголемиот дел од првотимците кои ираа во есенската полусезона.:Јанчев, Рајатовски, Јовановски, Вешоски, Ѓорѓиески, Тренчевски … Но, во сета ова „ракометна бркотница„ добро е што се најде соолуција да клуботја продолжи натпреварувачката пролетна сезоната и да одигра до крај ,овој пат на чело со тренерот Димитриоски.

Во меѓувреме , РК Прилеп деновиве треба да го закаже одложениот натпревар со Вардар Јуниор, а потоа екипата ќе одигра уште три дуели во забрзано темпо, пред да ја почне борбата за опстанок во Суперлигата.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: