11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советниците одлучија – сите кои ги исполнија условите да добијат субвенции за клими и велосипеди

На денешната редовна седница, прва, со физичко присуство на советниците и медиумите годинава, Советот на Општина Прилеп одлучи сите граѓани кои поднесле барање за субвенционирање на грејни тела со инвертор за 2021 и за купување на велосипеди за 2021, да добијат субвенции. Поради тоа, на Советот одличи да  ја зголеми  предвиденита сума од буџетот на Општината за оваа намена. Наместо,  1 милион денари за субвенционирање на велосипеди, како што беше првично одлучено на Совет, сумата се зголемува на 1.634. 000 денари, за 340 баратели, а наместо 4 милиони за субвенционирање на клими, сумата се зголеми на 4. 142 973 денари , за 415 баратели, кои ги исполниле условите по објавниот Јавен повик за оваа намена, кој заврши на 6 –ти април 2021.

Оваа одлука  предизвика дилема кај советниците од опозицијата кои побараа советниците од власта да не ги модифицираат одлуките донесени на Совет на Општина Прилеп и побараа предлагачот да образложи „зошто се направени измените во висината на средствата?“

Законите и нормативните акти кои ги носат Советниците и треба да се почитуваат. Не сме против субвенционирањето, но во јавниот повик стоеше „прв дојден –прв услужен“ се’ додека не се исцрпат предвидените средства за оваа намена. И, оние апликациии кои се испратени по пошта, во Архива се архивираат со ден, час и датум, до крајниот рок, па се знае точно кој може да добие субвенции по овој основ“– посочи  координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, кој побара овие две точки од дневиот ред да се разгледаат повторно во наредна вонредна седница.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски од говорницата објасни дека одлуката е став на Комисијата за финасирање и Буџет ,која предложила  сите приложени барања да се прифатат.„Не треба да се прави драма од ништо!“.-рече тој од говорница.

Имаме средства со кои можеме да ја прошириме оваа програма“- додаде претседателот на Советот на Општина Прилеп, Еленче Ташкоска и нагласи дека на почетокот сите советници едногласно го прифатиле дневниот ред и дека тоа треба да се почитува „Деловникот е јасен! Сите 24 советници гласавте за овој дневен ред “– рече таа и ги постави одлуките на гласање. 16 советници дадоа зелено светло, а советниците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа.

На Советот на Општина Прилеп беше прифатена одлуката  недвижниот имот, простор од 52 м2, соблекувални, кај градскиот стадион,  во сопственост на ЕЛС Општина Прилеп, да се даде под закуп, а беше усвоена и програмата за измени на урбанистички планови на општина Прилеп по барање на физички и правни лица.

Од советниците беше побарано и одобрување за 6 нови вработувања за 2021 во ЈП за ПУП Прилеп, а беа усвоени и предлог – одлуките за вработување во основните и средните училишта кои побараа вработувања на административен-технички персонал ( чувари, хигиеничари и благајници) за 2022 г.: четири лица за ООУ Добре Јованоски, 1 лице за ООМУ „Ордан Михалоски-Оцка  1 лице за ООУ Блаже Конески, едно во ООУ Кочо Рацин, три вработувања за во ООУ Кире Гаврилоски – Јане и едно вработување за СОУ Орде Чопела.

Би можело да ве интересира

Крушево дезинфицира по најавата за отворање на сместувачките капацитеит

Елизабета Филипоска

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Гордана Цветаноска

Пожар избил покрај патот Битола – Прилеп – од полицијата апелираат да не се палат стрништа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе