14.9 C
Прилеп
вторник, 25 март, 2025
Пела Радио

Манчески, Павлов и Трајкоски од РК Прилеп во списокот на селекторот Лазаров

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по два дена тренинзи минатата недела, го скрати поширокиот список на ракометарите пред ЕХФ шампионатот во Скопје.

Од првичниот список со 39 ракометари, со подготовките ќе стартуваат  23 ракометари, меѓу кои и двајца, односно тројца ракометари од прилепскиот суперлигаш РК Прилеп. Во скратениот список за подготовки  се најдоа пивотменот, Сашко Манчески, десниот бек, Хари Павлов, како и резервна варианта, левиот бек на РК Прилеп,  Валдимир Трајкоски. (Лазаров за секој случај вметна плус шест резерви, доколку се случи нешто непредвидено).

Инаку,подготовките на ракометарите репрезентативци стартуваат на 5 јули, а допрва ќе биде познато дали ќе бидат одиграни пријателски натпревари пред стартот на натпреварувањето. ЕХФ шампионатот ќе се одржува од 9 до 15 август во Скопје, а Македонија е во групата А заедно со Полска и јужниот сосед.  

Би можело да ве интересира

Два хет – трика во Прилеп за Победа!

Пурдеска : Се гордеам што први како спортисти по осамостојувањето на Македонија настапивме под знамето

Никола Димески

(ФОТО) Богат спoртски ден во Прилеп: мото крос, натпревар со џипови, трка со дронови, автомобилска трка… Оливер Спасовски, гостин на отвoрањето на автo слалом

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе