Пред почетокот на денешниот тренинг во клупските простории на Победа В.Д. Претседателот на прилепскиот прволигаш Ирена Јакимовска, посакувајќи му успешна и плодна работа, на фудбалерите им го престави новоангажираниот шеф на стручниот штаб Слободан Крчмаревиќ. Тој ги запозна сите фудбалери, а со својот помошник Душко Љубичиќ и сите останати тренери: Тони Мегленски, Дарко Вршкоски и Дејан Кебакоски, кои остануваат во Стручниот штаб, на стадионот на Могилата го одработија првиот тренинг со фудбалерите. Крчмаревиќ ќе дебитира в сабота, кога како домаќин Победа игра против Работнички во Струмица во рамките на 24 коло од Првата македонска лига.