24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Осмо издание на т.н “трка на јунаци” КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС

Утре, 22 септември  со старт и финиш во амфитеатарот во Варош, во Прилеп ќе се одржи осмото издание на трката во планинско трчање “Крали Марко Треилс“. Оваа година,  на т.н „јуначка трка“,  пријавени се  374 учесници, од 21 држава. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат на три трки со дистанци од 16, 34 и 67 километри, како и на една детска трка од еден километар до Маркулуле. Најдолгата ултрамаратонска трка Козјак Треил 67км ќе стартува во 8 часот наутро, а Трескавец Треил 16км. и Камена Баба Треил 34км. во 10 часот. Веднаш по стартот на овие трки ќе започне и детската трка Маркукуле во должина од 1 километар.

Тркачите ќе имаат можност да минат низ некои од најинтересните и живописни делови на Марковите Кули, манастирот Трескавец, врвот Единак и Козјак како и целиот прилепски регион кој изобилува со интересни камени фигури и специфична природа и опкружување.

Би можело да ве интересира

Над 70 натпреварувачи на предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо

18 МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН- ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ

Дно во македонскиот женски ракомет (Видео)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе