7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Етнички Македонци во Австралија си ги враќаат автохтоните македонски презимиња

Голем број Македонци во Австралија започнале процедура пред локалните власти за промена на своите имиња при што старите грчки презимиња се враќаат во оригиналната форма.
Еден од тие што завршил со процесот е Стивен Пандов кој до минатата недела го носел презимето Пандос.
Ова презиме било насилно дадено на неговите претци кои живееле во Грција а сега тој го вратил назад оригиналното македонско име Пандов.
Процедурата за менување на грчките презимиња и имиња во државата Викторија чини 107 долари. Вкупната сума за менување на сите документи може да достигне 1000 долари затоа што само промена на име во пасош вадењето на патна исправа чини 280 долари.
Пандос вели дека ќе плати колку што треба само за да го има назад презимето на неговите претци.

Извор:Еxpres.mk

Би можело да ве интересира

„Букет од песни“ по повод 8 ми март, концерт на Октетот Прилеп

Прилепска Пиварница продолжува со инвестициите

Гордана Цветаноска

Целосниот асортиман на Витаминка, изложен на Интерфуд & Дринк, Бугарија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе