7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прв собир на суперлигашот РК Прилеп – КУЗМАНОСКИ: МОРА ПОВЕЌЕ ДА ТРЕНИРАМЕ ОД ЛАНИ

Вечерва во салата на СОУ „Ристе Ритески – Ричко“ машкиот ракометен суперлигаш РК Прилеп го одржа првиот собир, со кој е означен стартот на подготовките за претстојното првенство. Пред шефот на Стручниот штаб, Горан Кузманоски – Таста, беа речиси сите првотимци, освен тројца. Оправдано отсуствуваа десниот бек Хари Павлов и пивотот Сашко Манчески, кои имаат обврски со Младата репрезентација на Македонија, како и засилувањето од Србија, десниот бек Жарко Барјактаревиќ, чие доаѓање се очекува деновиве. Вториот нов, левиот бек Христијан Милошески, беше на прозивката.

Клубот како цел го има опстанокот во елитното друштво.

Добро да внесеме пак една добра „хемија“, едно другарство во екипава – фактор што ни носи успех. Имаме претежно млада екипа, па мора да се запамети едно – тешко е да се остане на врвот. Сите суперлигашки екипи се засилени. Затоа мора уште повеќе да тренираме оти претстои многу тешка сезона – рече Кузманоски.

По кондицискиот дел, претстојат техничко-тактички тренинзи, па пријателски мечеви за уигрување, дотерување на формата. Закажани е прв дуел со Еурофарм Пелистер 2. Од полза ќе биде и Турнирот „Миле Нешкоски“ од 31 август до 2 септември каде учесници, покрај РК Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе бидат Тиквеш, Голден арт, Струга и српската Дубочица. Суперлигашкото првенство почнува на 8/9 септември, со гостување на Бутел во Скопје.

Би можело да ве интересира

Тројца натпреварувачи – три медали за ЏК Сеишин

Елизабета Филипоска

ЖРК „Деспина“ во пријателски меч лесно го совлада Пелистер

Елизабета Филипоска

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Кузманоски : нашата најдобра тактика како репрезентација е одбраната (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе