16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ПРИЛЕП Е ПЕТТИ НА ЖЕНСКОТО ЕКИПНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ

Очекувањата беа големи, во борба за една од трите горни позиции на табелата, но ШК Прилеп се пласира на 5. место од Женското екипно шаховско првенство на Македонија, во Охрид. Во последното, 7. коло, Прилеп – Куманово 2:2. Сите партии завршија со реми, така што по половина поен освоија: ВМ Ана Бендерац на првата, Јустина Дутка на втората, Викторија Велеска на третата и Теодора Велева на четвртата табла.

Претходно, Прилеп загуби од скопските Центар (1:3), Алкалоид (0,5:3,5) и Кисела Вода (1,5:2,5), одигра нерешено 2:2 со Неготино и Гостивар, а го совлада скопски Гамбит (3:1). За Прилеп настапија: ВМ Ана Бендерац (5 поени/7 партии), ИМ Маја Величковски – Нејковиќ (0,5/6), Јустина Дутка (2,5/6), Викторија Велеска (2,5/5) и Теодора Велева (1,5/4). Ефектот е 5 бода низ 12 поени. Првенството се покажа мошне квалитетно, затоа што во екипите, покрај домашни имаше и шахистки од странство – од Бугарија, Романија, Србија и Турција.

Според стартната рејтинг-листа, првите 12 се од странство, така што највисокорангирана е Турчинката ИМ Екатерина Аталик од Алкалоид, додека најдобрата домашна на 13. место, ФМ Билјана Веруш, не настапи иако беше најавена. Така, најдобра домашна, по рејтинг 15, којашто настапи, е ФМ Моника Стојковска од Алкалоид. Прогнозите на крајот се остварија,, Алкалоид е убедливо прв, со максимални 14 бода и освоени 24 поени. Табела: Алкалоид 14, Центар 9, Неготино 8, Куманово 7, Прилеп 5, Кисела Вода 5, Гамбит 4, Гостивар 4.

Би можело да ве интересира

Во мирување ставена машката ракометна лига-женската е во тек

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Гичева : За мене ракометот е еден танц – задоволство е што сум на паркетот на секој натпревар (ВИДЕО + ФОТО)

Десет натпревари десет победи за РК Прилеп – десетка за играта во плеј-аутот во македонската Супер лига

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе