5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Во мирување ставена машката ракометна лига-женската е во тек

По појавувањето на голем број на позитивни случаи на Ковид -19 во ракометните тимови Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одлучи да го стави во мирување ракометното првенството за мажи наредните 15 дена.

Од минатата недела ,од 17 септември, поради појава на коронавирустот кај екипи во групата – А , 15-дена ракометното натпреварување е во пауза , а сега истото се случи и со групата Б. Причина е моментот откако неколку ракометари од РК Работнички се пријавени дека се позитивни на коронавирусот.

Во дописот домедиумите, од РФМ велат дека во споменатиот период, клубовите ќе мора да ја информираат Федерацијата за здравствената состојба на заразените играчи, а по рокот од 15 дена, ќе биде направен комплетен скрининг на сите тимови кои се натпреваруваат во групата Б.
Најпрвин, во А-групата, Голден Арт КЛ7 пријави 16 позитивни, потоа тимот на Радовиш двајца , Струга 7 и ГРК Охрид шест позитивнир ракометари.

РФМ го одложи и стартот на натпреварите во македонската Прва лига, па моментно се игра само женски ракомет . Деспина денеска и гостува на екипата од Битола – Пелистер

Би можело да ве интересира

Пристигна и вториот пехар во Прилеп

Меѓународен одбојкарски турнир во Крушево

Два медали за прилепските боксери од БК АС од интернационалниот турнир “Арена куп ” Скопје 2023 (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе